Шерил и Лиам Пејн го добија своето прво дете пред пет месеци. Славната пејачка за првпат беше фотографирана во јавност по породувањето кога се упатуваше да аплицира за виза во американската амбасада во Лондон.
Убавата музичка ѕвезда се породи на 22 март и роди момче тешко 3,5 килограми, кое го доби името Беар.
34-годишната пејачка и 23-годишниот пејач од One Direction се запознаа за време на снимањето на „The X-Factor“ во 2010 година, кога Лиам се натпреваруваше во шоуто за таленти.
Тие за првпат се појавија во јавност како пар во мај 2016 годин, додека Шерил се разведуваше од Жан-Бернард Фернандез-Версини. Нивниот развод беше финализиран во ноември минатата година.
Парот долго време ја криеше бременоста. Шерил за првпат беше фотографирана со трудничкото стомаче во ноември минатата година.