Меган Маркл докажува дека заслужено се наоѓа на листите на најдобро облечени дами. Бремената војвотка блесна во стилско издание во Беркенхед.
За исполнувањето на нејзината прва кралска должност со принцот Хари во новата година, 37-годишната поранешна актерка избра црвено палто од Sentaler кое го носеше над виолетов фустан од Babaton. Својот стајлинг таа го заокружи со црвени салонки.
Заедно со Хари, Меган присуствуваше на откривањето на спомен-плоча по повод 100-годишнината од смртта на поетот Вилфред Овен.