Модната љубовна афера на трендсетерките со неутралните бои го доживува својот пик и е поинтензивна отсекогаш. А склоноста кон неутралните бои, оди рака за рака со стремежот кон минимализам кој владее меѓу актуелните тенденции.
Под летното сонце, навистина е забавен стилскиот танц со белата, бежовата, црната и сивата, кои со неверојатна леснотија се комбинираат меѓу себе, но и со сите нијанси од колоритната палета.
Една од примамливите карактеристики на облеката и модните додатоци во неутрални нијанси е што брзо ќе станат основа на повеќето комбинации кои ќе произлегуваат од вашиот плакар и ќе се навраќате на нив одново и одново.
Дајте им шанса на „стишените“ бои да внесат хармонија во вашиот моден репертоар:
Продолжете со разгледување на летни модни предлози на онлајн продавницата на FashionGroup.