Почетна » Новости » Мода » Здраво јули: Модни трендови со кои ќе сакате да го започнете летото

Здраво јули: Модни трендови со кои ќе сакате да го започнете летото

Комфор, стилска носталгија, оптимистички колорит и тропска разиграност ќе го одбележат летото кое наруши многу планови за патување, но не ја засегна желбата за стремеж кон визуелно привлечни и хармонични комбинации.

Актуелните модни тенденции се опишуваат како „реалистични“ и „носливи“, па совршено се поклопуваат со наметнатите околности во кои живееме.

Бело, бело – едноставно, но нималку здодевно

Можеби бара педантност, но ниту една друга боја не потсетува на лето како белата, која одлично го истакнува тенот, а воедно ги одбива силните зраци.

Отскокнете подалеку од класичните силуети. Насочете се кон забавни модели кои го разигруваат погледот.

БелоКомбинезон Guess (-30%)

Тропски фантазии

Обвинете ја Џенифер Лопез и нејзиниот Версаче фустан кој доби нова верзија, обвинете ги дизајнерите кои навлегоа на егзотични терени, но летово сте „обврзани“ да носите тропски принтови.

Донесете во урбаните џунгли дезени со листови на необични растенија и принтови инспирирани од необична фауна и дефинитивно ќе бидете забележани.

Кошула GuessКошула Guess (-19%)

Женствено плисе

Со помпезен кам-бек, плисираните здолништа и фустани загосподарија на сцената.

Иако во минатото беа редовно комбинирани со елегантни обувки, модерните дами пронајдоа начин да ги спојат и со патики без да се изгуби ниту грам од шармот.

Фустан GuessФустан Guess (-40%)

Волуменозни ракави

Впечатливите ракави се моден елемент кој неколку сезони се задржува на пиедесталот на најпосакувани трендови, а несомнено доминира и на Instagram.

Модните ентузијастки летово ќе експериментираат со широки и набрани ракави кои понекогаш изгледаат како да се транспортирани од 80-тите години.

Џемпер MangoЏемпер Mango (-40%)

Неонско освежување

Неопходна ни е позитивност повеќе отсекогаш, па неонските нијанси ќе расеат ведрина под жешкото сонце.

Комбинацијата циклама-портокалово се здоби со огромна популарност, но и неонското зелено не заостанува.

Фустан GuessФустан Guess (-50%)

Подновете се и купувајте безбедно од удобноста на вашиот дом на FashionGroup каде моментално има попусти до 50% на колекциите пролет/лето 2020.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20829 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.