„Њујорк секогаш ќе биде моја писта“ – ова е пораката на Викторија Бекам за најновиот мини моден маратон кој го имаше во Големото јаболко.
Популарната дизајнерка неколку дена престојуваше во САД, а секое нејзино излегување беше документирано од неуморните папараци.
Доследна на својот стил, таа ноншалантно носеше редица креации од сопствениот бренд.
Неодамна Викторија коментираше за денешните трендови за убавината. „Старомодно е да сакаш да си навистина слаба. Сметам дека жените денес сакаат да изгледаат здрави и да имаат облини. Сакаат да имаат гради и задник. Колку си позаоблена, толку подобро изгледаат моите фустани од линијата VB Body“ – изјави таа.