Јорданскиот крал Абдула II и кралицата Ранија ја започнаа официјалната посета на Холандија.
Парот беше пречекан од холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима.
Двете дами освојуваа погледи во префинети изданија додека разгледуваа музеј во Хаг.
46-годишната кралица на Холандија носеше елегантно палто врз фустан од чипка од брендот Claes Iversen и впечатлив шешир во карамела боја со потпис на Fabienne Delvigne.
47-годишната кралица на Јордан избра сино палто под кое носеше сиво здолниште и бела кошула.