Кралицата Максима изгледаше гламурозно за време на отворањето на изложба во музеј во Париз.
52-годишната припадничка на холандското кралско семејство носеше раскошна креација од дизајнерката Ајрис ван Херпен и привлече бројни комплименти за изгледот. Во својот стајлинг, Максима додаде чанта од Dior и сандали од Aquazzura.
Таа ја придружуваше француската прва дама Брижит Макрон која беше облечена во бело.