Колекција Fenty Puma од Ријана беше пуштена во продажба. 28-годишната музичка ѕвезда ги привлекуваше своите фанови кон бутик во Њујорк облечена од глава до пети во сопствени креации.
Спортски шик зрачеше од двете модни комбинации на Ријана за големиот ден.
„Кога семејството Адамсови би одело во фитнес сала, би го носело ова“ – коментираше Ријана пред неколку месеци на модната ревија со која беше презентирана колекцијата.
Популарната пејачка се инспирираше од јапонската улична култура. Очигледно е готското влијание, како и поништувањето на границата помеѓу типично машките и женските силуети. „Ова колекција не го претставува само тоа која сум јас и како се облекувам, туку и ги поместува границите на она што сакав да го креирам со Puma. Сакав да ја однесам Puma на ново место со нешто непредвидливо и неочекувано. Си поиграв со текстурите и силуетите, а сите материјали се луксузни“ – пишува во соопштението на Ријана.