Меланија Трамп покажа дека умешно може да носи супер елегантни, но и полежерни комбинации. Првата дама на САД беше фотографирана пред Белата куќа, а нејзиниот стајлинг намами комплименти.
48-годишната г-ѓа Трамп носеше палто од Томи Хилфигер, бордо фармерки од Џеј бренд и патики од Адидас.
Меланија беше придружувана од 12-годишниот син Барон и Доналд Трамп. Пред да замине на викенд во ресортот Mar-a-Lago, парот ја посети Алабама, која беше погодена од силно торнадо кое однесе 23 животи.