Софија Вергара го збогати своето дизајнерско портфолио со нова колекција. Откако минатиот пат се посвети на џинс креациите, 46-годишната актерка овојпат создаде модели совршени за пролетните и летните денови.
Колекција содржи 32 модели на цветни макси фустани, миди фустани во светли бои, јакни со животински принт, фармерки и блузички со разголени рамена.
„Сакам фустани кои ги прегрнуваат моите облини, бидејќи тогаш се чувствувам најсамоуверена. Може да биде искомбинирано со обувки на високи потпетици или со тексас јакна за постудените ноќи“ – вели Вергара.
Сите модели се по пристапни цени до 38 долари. Вергара се потруди и оваа нејзина колекција да нуди облека за жени во сите форми и големини, па затоа креациите доаѓаат со големини од XS до XXXL.