Бременоста ѝ годи на Амал Клуни. Славната адвокатка деновиве престојува во Лондон, а фотографиите се доказ дека таа го поседува оној посакуван труднички сјај.
39-годишната сопруга на Џорџ Клуни зрачеше со префинетост во светла комбинација која вклучуваше фустан од Диор и колоритни обувки од Оскар де ла Рента.
Амал љубезно им се смешкаше на фотографите додека се упатуваше да одржи говор за воени злосторства во Сирија и Ирак.
Брачниот пар Клуни очекува близнаци, кои според гласините, треба да се родат во јуни.