Синоќа се одржа свеченото отворање на 77-мото издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
На манифестацијата, која е прв голем филмски настан во услови на пандемија, сите гости носеа маски и одржуваа физичка дистанца.
Првиот ден од фестивалот беше резервиран за премиерата на филмот „Lacci“.
На црвениот тепих парадираа бројни ѕвезди, меѓу кои и Кејт Бланчет, Тејлор Хил и Тилда Свинтон.
Кејт Бланчет
51-годишната Оскаровка, која годинава е Претседателка на жирито на Фестивалот, заблеска на црвениот тепих во креација од колумбискиот дизајнер Естебан Кортазар.
Тејлор Хил
Ангелот на Victoria’s Secret изгледаше шармантно во фустан од Etro и складна маска.
Паола Турани
Паола привлекуваше погледи во бела креација од Наим Кан.
Тилда Свинтон
Тилда, која ја прими наградата за животно дело, зачекори на церемонијата во црно-бела комбинација од Шанел.
Ана Фолиета
41-годишната италијанска актерка беше придружувана од својот сопруг Паоло Сопранзети.
Елоди
Ерика Аурора
Свева Алвити
Роберта Армани
Внуката на Џорџо Армани привлекуваше погледи во сина креација.
Џулија Росмарини
Роберта Гарусо
Линда Кариди
Лоте Вербик
Лора Моранте
Мелита Тоскан ду Плантие
Филмскиот фестивал во Венеција ќе трае до 12 септември.