Тамара Котевска беше специјална гостинка на настан во рамките на Филмскиот фестивал во Венеција, каде одржа говор за филмови кои имаат моќно социјално влијание и кои ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми.
Македонската режисерка зборуваше на настанот „Lights Camera Impact“, на кој беа поканети и дизајнерката Дајен фон Фирстенберг, Алис Нелсон и Заинаб Салби.
Тамара, која беше дел од режисерите на „Медена земја“, носеше уникатна креација дизајнирана специјално за оваа пригода.
На неа, испишано е името на главниот лик во нејзиниот нов филм „The Walk“, Амал, што на арапски значи „надеж“.
Тамара се запозна со Амал Клуни и заедно позираа за фотографија.