Годинава изминуваат 20 години од смртта на Џани Версаче, па Донатела Версаче организираше специјална ревија во негова чест.
На спектакуларното модно шоу во Милано, легендарните супермодели од 90-тите години се обединија на едно место.
Карла Бруни (49), Клаудија Шифер (47), Наоми Кембел (47), Синди Крафорд (51) и Хелена Кристенсен (48) ја затворија ревијата, дефилирајќи во блескави златни фустани, во кои изгледаа како божици.
„Оригиналните супермодели“ ги заробија сите погледи и покажаа дека возраста за нив е само бројка.
Во 1997 година, Џани Версаче беше убиен на скалилата на неговата вила во Мајами од страна на серискиот убиец Ендру Кунанан.
На ревијата дефилираа и Каја Гербер, Џиџи и Бела Хадид, Кендал Џенер, Дауцен Крус и Наташа Поли.