Џиџи и Бела Хадид добиваат сè повеќе заеднички ангажмани. Славните сестри застанаа во центарот на две нови модни кампањи.
За Fendi, 21-годишната Џиџи и 20-годишната Бела позираат во креации од колекцијата пролет 2017 на италијанскиот бренд.
За фотографиите е заслужен Карл Лагерфелд, креативниот директор на Шанел.
Другата заедничка рекламна кампања на популарните модели е за Moschino. Во неа, сестрите Хадид се прикажани како се „бомбардирани“ од ненаситните папараци.
Стивен Мајзел бил ангажиран за фотосесијата.