Почетна » Новости » Промо » Органска кујна: Што да готвите за да имате балансирана исхрана?

Органска кујна: Што да готвите за да имате балансирана исхрана?

Живееме во време на паметна исхрана – каде вкусот и потеклото на намирниците се подеднакво важни фактори при изборот на храна, и каде секој залак претставува свесен избор, а не само потреба за задоволување на гладта. Добредојдовте во светот на органската храна, каде здравите состојки се претвораат во прекрасни јадења кои се добри не само за вашето здравје и тело, туку и целата планета.

Трендот на „паметна исхрана“ го освојува светот чекор по чекор и полека зазема важна улога во животот на човекот во модерниот свет. Нејзината популарност се заснова на фактот дека навистина постои органска замена за секој конвенционален прехранбен производ кој го користите. Верувале или не, постои дури и разлика помеѓу органски одгледаниот и неоргански одгледаниот грав од конзервa – во нивото на содиум кое го содржат, протеинската вредност, хранливите материи и слично. Но, зошто е ова важно? Бидејќи за да разберете како да се храните поздраво, важно е да знаете какви состојки да користите во подготовката на оброците. Готвењето органска храна е подеднакво лесно како подготвувањето на која било храна, но ќе ви го даде чувството на задоволство и ќе ве ослободи од грижа на совест, затоа што ќе знаете дека вашиот оброк е природен и здрав.

А за готвењето да ви биде полесно, можете да се инспирирате со некое ново јадење од книгата со dmBio рецепти на dm, која од 3 до 16 февруари можете да ја добиете како подарок ако купите органска храна во вредност над 999 денари во некоја од нивните дрогерии. Во неа ќе најдете низа на рецепти за јадење кои се подготвуваат брзо и едноставно, а ви покажуваат како од органските производи да направите вкусни оброци.

dmBio рецепти

А зошто органска храна? Придобивките од органската храна се рефлектираат во примена на природни методи и состојки, ограничување или целосно елиминирање на употребата на хемиски синтетизирани агенси, минерални ѓубрива, како и забрана за употреба на генетски модифицирани организми и производи кои се состојат од нив или потекнуваат од нив. Затоа се вели дека одгледувањето на органска храна работи во тандем со природата, а не против неа.

dmBio рецепти

Направете паметен избор за себе и за вашето семејство, со тоа што ќе ја направите органската храна дел и од вашата кујна, со тоа создавајќи услови за побезгрижен и поздрав живот. Побарајте инспирација во книгата со dmBio рецепти на dm, најголемиот понудувач на органска исхрана на нашиот пазар, и уживајте во вкусните оброци!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22338 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.