Бијонсе конечно ја доби посакуваната награда Албум на годината на Греми 2025.
Во Арената Crypto.com во Лос Анџелес, 43-годишната пејачка се качи на сцената за да го прими најпосакуваниот златен грамофон, кој ѝ беше врачен од неколку пожарникари. Таа заведуваше во златна креација од високата мода на Schiaparelli направена токму за неа, а на рацете носеше складни ракавици.
Ова големо постигнување, Бијонсе го прослави на сцената со својата ќерка Блу Ајви, која уште еднаш одушеви со својот изглед.
Бијонсе го освои посакуваното Греми за албумот „Cowboy Carter“. Досега таа има освоено 34 златни грамофони.
Бијонсе ја освои и наградата Најдобар кантри албум, а во својот говор истакна дека не ја очекувала оваа награда.
„Навистина не го очекував ова. Wow. Сакам да му се заблагодарам на Бог што сè уште можам да го правам она што го сакам и по толку многу години... Сакам да му се заблагодарам на моето прекрасно семејство... Сè уште сум во шок“ – рече таа.
На настанот, заедно со Бијонсе и 13-годишната Блу Ајви беше и Џеј Зи.