Со синоќешните Греми награди беше одбележана уште една незаборавна ноќ во светот на музиката. Во Crypto.com арената во Лос Анџелес се собраа најпознатите музички ѕвезди за да дознаат во чии раце одат престижните музички награди оваа година.
Најголемите победници на 67-мото издание од манифестацијата беа Бијонсе и Кендрик Ламар, кои продолжуваат да ја дефинираат музиката, а меѓу добитниците се сместија и Лејди Гага и Бруно Марс, Шакира, Чапел Реун, Сабрина Карпентер и многу други.
Бијонсе, која е најноминиран артист во историјата на Греми, конечно за првпат победи во категоријата Албум на годината. Во нејзини раце заврши и наградата Најдобар кантри албум. Двата златни грамофони ѝ се доделени за албумот „Cowboy Carter“.
Кендрик Ламар беше номиниран во седум категории, а победи во пет од нив, вклучително и во Спот на годината и Песна на годината за „Not Like Us“.
За соработката за песната „Die With a Smile“, Лејди Гага и Бруно Марс освоија златен грамофон за Најдобра поп изведба на дуо/група.
Најдобар нов артист е Чапел Реун, Сабрина Карпетнер го има Најдобриот поп вокален албум („Short n’ Sweet“), а Шакира го има Најдобриот латино поп албум („Las Mujeres Ya No Lloran“).
Наградата Најдобар рок албум заврши во рацете на The Rolling Stones за Hackney Diamonds.
Целосната листа на победници можете да ја видите тука.