Џенифер Лопез магнетски привлекуваше погледи на забава организирана по повод доделувањето на Греми наградите.
На прославата во Лос Анџелес, 55-годишната пејачка зачекори во креација која ги истакна нејзините препознатливи облини. Станува збор за бордо фустан со ултра длабоко деколте и разголен грб, која доаѓа од брендот LaPointe.
На церемонијата за доделувањето на Греми наградите, Џеј Ло се појави во модна комбинација со впечатливо здолниште.
Лопез ѝ ја врачи на Шакира статуетката за Најдобар латино поп албум.