Серена Вилијамс беше дел од славните гостинки на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA).
42-годишната поранешна тенисерка, која се породи пред 3 месеци, привлекуваше погледи во невообичаена креација со волуменозни ракави и деколте дизајнирана од Том Браун, претседателот на CFDA.
Серена ја прими наградата Модна икона која претходно ја имаат добиено и Наоми Кембел, Зендаја и Бијонсе.
„Уште од мало девојче ја користев модата како начин за да се изразам себеси – модата ми даде самодоверба да излезам на теренот и да покажам која сум и каде знаев дека одам“ – рече Серена.
Легендарната спортистка ја роди својата втора ќерка Адира во август оваа година. Таа е во брак со Алексис Оханијан.