Џиџи и Бела Хадид редовно дефилираат заедно на ревиите на врвите брендови во рамките на модните недели, но за првпат ним им се придружи и нивниот помал брат Анвар.
Славното трио беше дел од модното шоу на Томи Хилфигер во Лондон, на кое беше презентирана најновата заедничка колекција на 66-годишниот дизајнер и Џиџи.


















Нивната мајка Јоланда, гордо ја следеше ревијата од првиот ред.

На ревијата дефилираа и други славни модели како Џоан Смолс, Џордан Дан, Лаки Блу Смит, Сара Сампајо и Жозефин Скривер.