Сара Џесика Паркер честопати знае да изненади со интересни модни комбинации. Најновиот стајлинг на ѕвездата од „Сексот и градот“ вклучуваше сандали во различна боја.
58-годишната актерка носеше црна креација инспирирана од балерина додека позираше на црвениот тепих на есенската гала на балетот во Њујорк. Фустанот доаѓа од модната куќа Каролина Ерера.
Во Линколн центарот, Паркер беше со својот сопруг Метју Бродерик.
Сара Џесика носеше голема црна панделка на главата.