Модата не познава години. Али е доказ за тоа.
Модерниот дедо од Турција, кој пред три години нè освои со својот стил, продолжува да привлекува обожаватели. Али живее во Берлин, има 86 години, а секогаш изгледа средено од глава до петици. Пред околу 4 години, Али ѝ го привлекол вниманието на фотографката Зое Спотон, која оттогаш го фотографира секој ден, а фотографиите ги објавува на модниот блог „Што носеше Али?“.
Али е пензиониран доктор и татко на 18 деца, кој повеќе од 4 децении живее во Берлин. Неговата нова професија е кројач, па не е ни чудо што може да си ги дозволите сите тие модерни комбинации.
Погледнете ги највпечатливите комбинации на Али.