Почетна » Новости » Мода » Свадбените фотографии на македонската дизајнерка Моника Коцарева која изгледаше гламурозно во три свои креации

Свадбените фотографии на македонската дизајнерка Моника Коцарева која изгледаше гламурозно во три свои креации

Моника Коцарева се омажи. Македонската дизајнерка стапи во брак со саканиот Ергич Бранко од Хрватска.

Младиот пар ја круниса својата љубов со брак минатиот месец во Охрид во „Хотел Коцарев“, под отворено небо со илјадници свеќи и сијалички.

Свадбата на Моника Коцарева

„Заедно со Бранко сакавме да ги одбегнеме тие традиционални свадби, гледавме во секој поглед да сме различни и уникатни, од фотографирањето, па сè до стилот на украсувањето и забавата. Не следевме никакви правила на традиционалните свадби. Имавме многу млади гости и забавата беше прекрасна. Таа се одвиваше на 4 разиграни тераси покрај базен под отворено небо, со голем број амбиентални сијалички и многу свеќи на масите, со цел да постигнеме пријатен и топол амбиент“ – изјави среќната невеста за Фемина.

За свадбата, Коцарева блесна во три креации кои самата ги дизајнираше.

Романтичната венчаница, која ја носеше и за венчавката во црква, е рачно изработена и инкорпорира бројни кристали и чипка, како и пердуви од ној, за кои вели дека истовремено ѝ даваат нежност и префинетост.

Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева

Ефектен детаљ на венчаницата се копчињата на грбот кои се во форма на бисери и ја збогатуваат целата креација.

Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева

Видео од изработката на венчаницата:

Вториот фустан е дизајниран за идеално да ја следи линијата на телото. Имплементирани се многу реси везани со ситни мониста. Гламурозната креација е со длабоко деколте и висок шлиц од задната страна.

Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева

На незаборавниот ден, атрактивната дизајнерка облече уште една комбинација од сопственото ателје. Станува збор за пантолони со голем додадок на задниот дел кој ги прави раскошни и елегантни. Проѕирниот корсет е надополнет со 3D чипка на градите.

Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева

Деветте деверуши носеа црни елегантни фустани во црквата Канео во Охрид, а кума беше швајцарската блогерка Бети Стојанова заедно со својот избраник Милан.

На свадбата присуствуваа Викторија Лоба и нејзиниот вереник Ѓорги, како и водителот Жарко Димитриоски со неговата партнерка Марија.

Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева Свадбата на Моника Коцарева

Свадбено видео

Моника и Бранко се во врска речиси 5 години. Тие се верија оваа пролет во Грција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.