Почетна » Новости » Мода » Сара Џесика Паркер ќе дизајнира своја колекција обувки

Сара Џесика Паркер ќе дизајнира своја колекција обувки

Вчера изминаа точно 15 години од прикажувањето на првата епизода од хит-серијата „Sex and the City“. Една од опсесиите на главниот лик Кери Бредшо беа дизајнерските обувки. Па, Сара Џесика Паркер, која долги години ја популаризираше Бредшо на екраните, одлучи токму на „годишнината“ да објави дека креира своја колекција обувки.

„На блесав начин мислам дека луѓето го очекуваа токму тоа од мене, најмногу поради Кери Бредшо“ – изјавила Сара за Vogue.

Сара Џесика Паркер

При создавањето на обувките, 48-годишната актерка соработува со Џорџ Малкимас, CEO во дизајнерската куќа Маноло Бланик.

„Спојуваме нови бои заедно, што луѓето типично не го прават, прекрасни комбинации кои посакувате да постојат во вашиот плакар“ – објаснила Паркер.

Освен обувки, модната линија SJP ќе вклучува и чанти и неколку мантили. Првата колекција ќе биде лансирана на почетокот на наредната година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.