Сара Џесика Паркер е голема обожавателка на екстравагантните стајлинзи за балот МЕТ и секогаш ја почитува зададената тема.
57-годишната актерка зачекори на црвениот тепих на оваа гламурозна свеченост за првпат по 2018 година.
Во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, ѕвездата од „Сексот и градот“ се појави во волуменозен црно-бел фустан од Кристофер Џон Роџерс.
Својот стилски избор, таа го надополни со впечатлив моден додаток од Филип Трејси.
Секоја година, МЕТ галата се одржува под различна тема. Оваа година, темата беше „Позлатен гламур“ и е инспирирана од изложбата на Институтот за костими, „Во Америка: Антологија на модата“.
Изгледот на Сара Џесика е инспириран од костим од 1860-тите на Елизабет Хобс Кекли - истакната дизајнерка, шивачка, авторка, филантроп и социјален активист за време на позлатеното доба.
Потсетете се на највпечатливите стајлинзи на Паркер на балот МЕТ низ годините: