Pronovias откри што се кроеше во ателјето во Барселона во текот на изминатиов период. Шпанскиот бренд објави како изгледаат креациите од колекцијата за 2019 година.
Женствени силуети, романтични цветни детали, пастелни нијанси... во колекцијата се наѕира бохо инспирација, владее ведрина, а целосно отсуствува црната боја.