Беспрекорна елеганција владее во новата колекција вечерни фустани на Pronovias.
Моделите од колекцијата „Коктел 2018“ се спој на префинетост, женственост и суптилен гламур, а имаат моќ да се вгнездат во секое дамско срце.
Независно дали трагате по едноставен вечерен фустан или сакате да блеснете во полн сјај, во оваа колекција на познатиот шпански бренд се крие одговорот на сите ваши преференции.