Модната куќа Pronovias ја знае тајната формула за создавање на венчаници во кои секоја невеста би се заљубила на прв поглед.
Колекцијата висока мода 2020 на шпанскиот бренд е синтеза на суптилен гламур, елеганција и префинетост и изобилува со креации кои ја истакнуваат женската силуета.
Невестинските фустани се изработени од луксузни ткаенини и внимателно сошиени мониста, а ставен е акцент на задниот дел, што уште повеќе ја засилува атрактивноста на креациите.