„Lyst“, глобалната платформа за пребарувања поврзани со модата, ја означи Ријана како највлијателна модна славна личност. Модните избори на 29-годишната пејачка беа најпребарувани во 2017 година и таа беше избрана за икона чиј стил многумина сакаат да го копираат.
Ријана обожава да експериментира со својот стил, па очигледно тоа им се допаѓа на нејзините обожаватели.
Комбинациите на музичката ѕвезда од Барбадос, по секое нејзино појавување, веднаш се пребарувани и креациите од брендовите и дизајнерите кои ги носи инстантно се распродаваат.
На второто место застана Селена Гомез, следуваше Бела Хадид, па четвртото место ѝ припадна на Меган Маркл.