Ријана блесна на ревијата со која ја претстави новата колекција Savage x Fenty во рамките на Њујоршката модна недела.
31-годишната дизајнерка носеше креација со еден ракав од Александар Воте и складни сандали.
Со модното шоу, Ријана ја претстави колекцијата есен/зима 2019 година. Шоуто започна со музичка точка во која сите танчари носеа модели од Savage x Fenty, а ревијата ја отвори Џиџи Хадид. Користењето на телефони беше забрането и поради тоа, бројот на фотографиите достапни за јавноста е ограничен.
Шоуто ќе биде прикажано на 20 септември.