Фолаке Хантон продолжува да плива во дизајнерските води. 43-годишната блогерка креираше нова колекција која е дел од нејзината модна линија FKSP.
Хантон, која стои зад блогот „Style Pantry“, создава модели кои го отсликуваат нејзиниот личен стил. Силни бои, цветни дезени и принт со риги доминираат во колекцијата „Sunrise to sunset“.
За својот стил, Фолаке вели дека е колоритен и инспириран од 70-тите години.
Погледнете и други стилски комбинации од популарната модна зависничка.