Доколку некогаш сте пребарувале модни идеи на интернет, веројатно сте наишле на фотографиите на Фолаке Хантон. 40-годишната стилистка и дизајнерка стои зад еден од најпопуларните модни блогови – „Style Pantry“.
Стројната мајка на три деца привлекува огромен број на фанови со совршените комбинации и љубовта кон смели принтови и бои. За својот стил, Фолаке вели дека е колоритен и инспириран од 70-тите години.
Иако отсекогаш била вљубена во модата, Фолаке посериозно ѝ се посветила по завршувањето на факултетот. На самиот почеток, нудела на блогот само стилски совети, но подоцна, поттикната од сопругот, започнала да споделува фотографии од својот стил. Денес, таа е меѓу највлијателните блогерки, а во улога на стилистка има соработувано и со повеќе ѕвезди како Бритни Спирс и Шарлиз Терон.
Погледнете дел од нејзините стилски приказни: