Војвотката Кетрин и принцот Вилијам денес ја започнаа официјалната турнеја во Ирска.
38-годишната припадничка на британското кралско семејство со два зелени стајлинзи им оддаде чест на домаќините.
На вечерен настан во туристичката атракција „Guinness Storehouse“, Кетрин се појави во блескав фустан од брендот The Vampire's Wife. Заедно со Вилијам, таа уживаше во популарното пиво Guinness во стаклениот бар „Gravity Bar“ со панорамски поглед на Даблин.
Претходно, Кетрин и Вилијам имаа средба со претседателот Мајкл Хигинс и неговата сопруга Сабина.