Ели Голдстејн пред три години стана ѕвезда во кампања на Гучи и оттогаш постојано нижи успеси во модниот свет.
21-годишната девојка со Даунов синдром сега доби насловна страница на „Вог“ и изјави дека тоа ѝ бил најголемиот сон.
„Сакам да продолжам со моделството и да му покажам на светот која сум. Мојата главна цел отсекогаш беше да се најдам на насловна на Вог. Отсекогаш го имав тој сон“ – изјавила таа.
Ели вели дека танцувањето ѝ е омилено хоби. „Апсолутно обожавам да танцувам. Кога сум на сцена се чувствувам моќно и сакам да ја гледам и слушам реакцијата на публиката. Тоа ме прави горда и среќна“ – признава таа.
Голдстејн е среќна што поставува добар пример за останатите лица со овој синдром. „Среќна сум што ме гледаат како модел за пример. Сакам да покажам дека можете да постигнете сè што сакате – никогаш не се откажувајте од вашите надежи, соништа и аспирации. Мојата попреченост никогаш не ме спречува“ – вели Ели.