Ели Голдстејн руши бариери и со мила насмевка и позитивен став се бори за инклузивност во модната индустрија.
18-годишната девојка која има Даунов синдром го проширува своето портфолио со едиторијал за дигиталното издание на Allure.
„По десет години, сакам да бидам насекаде низ светот“ – изјави решителниот модел со амбиции кариерата да ја движи само по нагорна линија.
Уште од мали нозе Ели сакала да добива внимание и да е под светлата на рефлекторите, а во последните години, нејзината желба станува јаве. Таа беше ангажирана од повеќе брендови, меѓу кои и Гучи.
Коментирајќи ги досегашните постигнувања, таа вели: „Мојата попреченост ме прави инспиративна. Мојот совет е секогаш да бидете она што сте и никогаш да не се откажувате од вашите надежи и соништа.“