Кога Кристијан Лобутин објавува нова колекција, низ светот несинхронизирано се слушаат воздишки. Францускиот дизајнер ги привлекува дамите со нова модна „симфонија“.
Од класични до драматични силуети, од едноставни до комплексни декорации, од безвеменска елеганција до современ спортски шмек... Лобутин се стреми да одговори на стилските желби на сите свои клиентки.
И се разбира, низ целата колекција се провлекува препознатливиот црвен ѓон.