Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Во фантазијата на Кристијан Лобутин: Бајковита реклама за неговите 7 нови парфеми

Во фантазијата на Кристијан Лобутин: Бајковита реклама за неговите 7 нови парфеми

Неговите чевли со црвен ѓон доминираат во модниот свет веќе 30 години, неговата луксузна колекција шминки доживеа огромен успех, а сега Кристијан Лобутин е на пат повторно да ги освои срцата на дамите.

Талентираниот дизајнер создаде седум нови парфеми и ги презентираше со бајковита кампања во која протагонист е самиот тој.

„Ќе патуваме низ светот преку мојот ум и ќе искусиме седум уникатни мириси во кои ги спакував моите соништа, фантазии и имагинација“ – вели Лобутин.

„Оваа колекција е како да навлегувате внатре во мојот ум. Мирисите се базираат на седум различни имагинарни земји, секоја од нив ми се претставува со свој мирис, боја, форма и материјали. Овие земји се моја сопствена уникатна креација. Честопати тие се родени од сеќавање кое е вгнездено во мојот ум, најчесто поврзано со патување, приказна или мирис што едноставно не можам да го заборавам“ – вели Лобутин.

Колекцијата се состои од парфемите: Loubifunk, Loubidoo, Loubikiss, Loubirouge, Loubiraj, Loubicrown, и Loubicroc.

лобутин парфеми лобутин парфеми лобутин парфеми лобутин парфеми лобутин парфеми лобутин парфеми лобутин парфеми лобутин парфеми лобутин парфеми

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.