Оскаровската манифестација привлече огромен број на ѕвезди во гламурозни изданија на црвениот тепих пред Долби театарот и на традиционалната забава на Vanity Fair, а многу од нив како надополнување на стајлингот избраа часовници од OMEGA.
Еве кои славни лица носеа часовници од швајцарскиот бренд на своите рачни зглобови:
Никол Кидман
Кидман беше номинирана во категоријата Најдобра актерка во главна улога за филмот „Being the Ricardos“, а на нејзината рака блескаше OMEGA Mini Trésor.
Џејми Дорнан
Дорнан присуствуваше на Оскарите во улога на презентер и носеше Speedmaster ’57.
Алесандра Амбросио
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret носеше OMEGA De Ville Ladymatic со бисерен бројчаник и дијаманти.
Аријана Дебос
Холивудската актерка освои Оскар за Најдобра актерка во споредна улога за филмот „West Side Story“, а носеше OMEGA Constellation.
Ендру Гарфилд
Талентираниот актер имаше номинација за Најдобар актер во главна улога за филмот „tick, tick...BOOM!“. Тој носеше Speedmaster ’57 од не'рѓосувачки челик и со црно кожено ремче.
Трој Коцар
Додека се закитуваше со оскатовска статуетка за Најдобар актер во споредна улога, Трој носеше De Ville Prestige.
Шон Вајт
Познатиот сноубордер за оскаровската церемонија избра Speedmaster Moonwatch од 18-каратно Moonshine™ злато.
Симу Лиу
Канадскиот актер од аксесоари избра Seamaster Aqua Terra од 18-каратно злато.
Глен Пауел
Славниот актер избра часовник со традиционален изглед - De Ville Prestige од не'рѓосувачки челик и со црно кожено ремче.
Часовниците OMEGA можете да ги пронајдете во продажните места на Божиновски часовници и накит: https://bozinovski.com.mk/shops