Календарски за неколку дена ќе влеземе во есенската сезона, а и временската прогноза нè наведува да размислуваме за потопли комбинации.
Љубителките на чизмите веќе се радуваат и ги анализираат трендовите, а новите колекции најавуваат што ќе се носи во претстојните месеци.
Кроко текстура
Мазната кожа е далеку поневпечатлива од кожата со крокодилска текстура која веќе се зацврсти меѓу новите трендови.
Воопшто нема да погрешите доколку изберете чизми со вештачка кроко кожа, кои имаат моќ ем да имплементираат луксуз во вашиот стајлинг, ем да ја раздвижат и најмонотоната комбинација.
Војничка естетика
Од Ирина Шајк до Каја Гербер, речиси сите славни модели, во еден или друг момент, во изминатите месеци беа фотографирани со војнички чизми.
Урбаните девојки го покажуваат своето чувство за стил комбинирајќи ги на најразлични начини.
Блок потпетица
Ако е високо, не значи дека треба и да боли. Дебелите штикли се помодерни отсекогаш.
Изберете практичен модел кој ќе ви ги издолжува нозете, но и во кој ќе можете самоуверено да трчате низ животот.
Со врзување
Чизмите со врвки одлично ја стабилизираат ногата и овозможуваат сигурност при движењето, дури и кога се на штикла.
Неспорно се комбинираат лесно, а имаат младешки шмек.
Робусни со гумена платформа
Масивните чизми со дебела гумена платформа се обожавани од трендсетерките.
Овие модели кои потсетуваат на апокалиптичко сценарио одлично се комбинираат со посмела кожна облека, но и со шармантни фустани.
Најновите модели на чизми можете да ги пронајдете на онлајн продавницата на Fashion Group.