Светските брендови забрзано го подигнуваат превезот на таинственоста од есенските колекции.
Лежерна елеганција и урбан шик ги карактеризираат најновите парчиња од шпанскиот бренд Springfield, кој секогаш нуди предлози коишто со сезони нанапред ќе се задржат во вашиот плакар.
Земајќи предвид дека практичноста и комфорот стануваат приоритет при стилските одлуки, Springfield примамува со кежуал модели на кои ќе се навраќате одново и одново.
Тексасот е секогаш во мода
Комотни фармерки кои можете да ги носите и на работа и на прошетка во природа.



Шармантни комбинезони
Едно парче за целосен изглед. Може ли да е полесно?


Фустани со принт
Лелеави и привлечни фустани кои овозможуваат слободно движење. Комбинирајте ги со патики или кратки чизмички во постудените денови.



Неодоливи блузи
Џемпери и дуксери кои пленат со забавни дезени и детали.





Неутрално палто
Палтата во неутрални нијанси се фантастични, бидејќи се вклопуваат во секоја комбинација и дозволуваат експериментирање со посилни бои.

Колекцијата е достапна на онлајн продавницата на Fashion Group.