Наоми Кембел со кралска елеганција заробуваше погледи на доделувањето на наградите на фондацијата основана во чест на принцезата Грејс Кели.
На свеченоста во Њујорк, 46-годишниот модел се појави во бел фустан со наметка од британската модна куќа Ralph & Russo.
Специјални гости на церемонијата беа принцот Алберт и принцезата Шарлин од Монако.
Наградата „Рение Трети“ ѝ беше доделена на Квин Латифа, за нејзината успешна кариера и филантропските активности.