H&M има долга историја на успешни модни соработки, а најновата е со брендот The Vampire’s Wife.
Готски, драматични и со винтиџ шмек... новите креации ќе ги освојат оние кои обожаваат мрачна романтика.
Сузи Кејв, која стои зад британскиот бренд The Vampire’s Wife, со гордост соопшти дека сите парчиња се изработени од рециклирани материјали.
Накитот е дизајниран од сопругот на Сузи, популарниот музичар Ник Кејв. „Ник седна едно утро и сам го дизајнира. Тој сака да работи на нешта за кои не знае ништо. Го гледа тоа како предност и не се влијае од ограничувања“ – објаснува таа.