Кралицата Елизабета ги изненади сите со своето присуство на ревија во рамките на Лондонската модна недела. Нејзиното гостување било чувано во тајност до последен момент.
91-годишната кралица седеше во првиот ред непосредно до Ана Винтур, главната уредничка на модната библија „Вог“.
Додека тие со интерес го проследија шоуто на Ричард Квин, многумина будно ги следеа нивните реакции, а по завршувањето на ревијата, настапија критики кон Винтур за тоа што решила да ги зачува очилата за сонце на себе додека комуницирала со Кралицата.
Не се малку оние кои коментираат дека Ана не покажала почит кон Кралицата со тоа што решила да остане доследна на својот стил. Всушност, славната уредничка е позната по тоа дека носи темни очила во затворени простории.
Славната Кралица носеше светлосина креација од Анџела Кели, украсена со сваровски кристали.
Video: the Queen #FROW #LFW with Dame Anna Wintour pic.twitter.com/EQ9LukUWBX
— Rebecca English (@RE_DailyMail) February 20, 2018
По ревијата, Кралицата му ја додели на дизајнерот Ричард Квин наградата Кралицата Елизабет II за британски дизајн. Оваа награда годинава се доделува за првпат, но отсега натаму редовно ќе биде врачувана на успешни британски дизајнери од претставници на кралското семејство.