Ана Винтур официјално е Дама. 67-годишната уредничка на „Вог“ ја доби титулата DBE (Dame Commander of the Most Excellent Order of the British Empire) за нејзината работа во модниот свет и новинарството.
На свечениот настан во Бакингемската палата, Винтур беше одликувана лично од кралицата Елизабета II.
За специјалниот ден, Ана избра розова креација од колекцијата висока мода пролет 2017 на Шанел. Својот стилски избор, Ана го надополни со обувки од Маноло Бланик.
Винтур е главна уредничка на модната библија речиси 30 години и се смета за една од највлијателните личности во модната индустрија.
Ана ја доби поддршката од својата 29-годишна ќерка Би Шафер.