Ирина Шајк не сака да игра безбедно кога е во прашање модата и обожава смели комбинации. Но, црвениот тепих во Кан некако не се покажа како соодветно место за нејзината нова стилска авантура.
Славниот модел наиде на критики поради разголеното издание со кое ги акцентираше дефинираните стомачни мускули. Комбинацијата на Шајк се состоеше од краток топ со две ленти кои ги прекриваа нејзините гради и здолниште со низок струк од брендот Mowalola.
Природната шминка го заокружи нејзиниот изглед за црвениот тепих на премиерата на „Firebrand“.
37-годишната убавица претходно гостуваше на премиерата на „Killers Of A Flower Moon“.