Кралицата Ранија е вистинска модна муза. 48-годишната кралица на Јордан во три прилики пленеше со стилски комбинации.
За посетата на изложбата за ракотворби на фондацијата „Реката Јордан“, Ранија носеше колоритен аутфит и чанта од Живанши.
Заедно со својот сопруг, кралот Абдула II, изминатиов викенд таа престојуваше во Асизи, Италија. Поводот беше церемонија на која кралот Абдула беше награден со „Lamp of Peace“ за неговите заложби за промовирање на човековите права и мирот на Блискиот Исток.
За свеченоста на која присуствуваше и Ангела Меркел, Ранија избра сина комбинација која вклучуваше чантичка од Луј Витон и обувки од Салваторе Ферагамо.
Три дена претходно, Ранија присуствуваше на официјален состанок по повод партнерството на нејзината Академија за учители со USAID. Деловната комбинација ја потпишува брендот Silvia Tcherassi.