Шармантна Украинка привлекува обожаватели на Instagram со модни комбинации кои постојано ѝ носат комплименти.
Анушка вели дека не се раководи од актуелните модни тенденции, туку дека создава свој стил.
„Навистина сакам да експериментирам со облеката. Ова е моја страст и ми буди позитивни емоции. Не е важен толку брендот што го носите, колку што се квалитетот и оригиналноста. Јас избирам брендови од пазарот за масовна потрошувачка. Не можете да се фокусирате само на брендот. Треба да имате визија за вашиот стил. Модата е минлива, но стилот е безвременски. Стилот е начин да кажеш кој си без зборови“ – вели Анушка.
„Јас сум само весела личност која му се радува на животот. Тешко ми е да кажам што ги привлекува луѓето кон мојот профил, веројатно тоа е мојата искреност. За мене модата е начин на комуникација. Јазик за комуникација со луѓето кои веруваат во тоа дека убавината може да ја направи нашата планета подобра“ – вели таа.