Викторија и Ромео Бекам присуствуваа на ревија во рамките на Париската модна недела.
47-годишната дизајнерка гордо позираше покрај својот син на црниот тепих пред почетокот на модното шоу на кое беа презентирани моделите за сезоната есен/зима 2022 на Сен Лоран.
Младиот фудбалер, кој чекори по стапките на неговиот славен татко Дејвид Бекам, носеше модна комбинација со фармерки и плетена блуза, додека Викторија беше облечена во модели од нејзиниот моден бренд.
На настанот присуствуваше и девојката на Ромео, Миа Реган.