Пенелопе Круз во живо ја проследи ревијата на Шанел одржана во рамките на Париската модна недела.
48-годишната актерка пристигна на модниот спектакл во мини фустан со пердуви од брендот на кој му е заштитно лице. Својот шик изглед, Пенелопе го надополни со црни салонки и чантичка.
На ревијата беше презентирана колекцијата есен/зима на францускиот моден бренд.